„Гласовите на Пелагонија“ е младинска дигитална платформа создадена со цел да ги поттикне младите активно да учествуваат во општествениот, културниот и граѓанскиот живот. Нашата мисија е да ги засилиме младинските гласови, да поттикнеме креативно изразување и да изградиме простор каде младите можат да ги споделат своите ставови, приказни и идеи за позитивни промени. Веруваме дека кога младите ќе ги добијат потребните алатки и платформа за изразување, тие стануваат активни придонесувачи во своите заедници.

Зошто постои оваа платформа?

Пелагонија е регион богат со култура и потенцијал, но многу млади немаат пристап до платформи каде што нивниот глас може да биде слушнат. „Гласовите на Пелагонија“ е создадена токму за да го надмине тој јаз.

Платформата постои за да:

  • Обезбеди безбеден и инклузивен простор за младинско изразување
  • Ја зајакне дигиталната и медиумската писменост
  • Поттикне граѓанска ангажираност и активно учество
  • Ги истакне приказните на маргинализирани и недоволно застапени млади

Кого поддржуваме?

Поддржуваме млади на возраст од 15 до 29 години од Пелагонискиот регион, со посебен фокус на:

  • Млади од рурални средини
  • Ромска младина
  • Млади жени
  • НЕЕТ млади (млади кои не се во образование, вработување или обука)
  • Млади со помалку можности

Младински креативен камп

Младинскиот креативен камп „Гласовите на Пелагонија“ e осмислен како интензивно, практично искуство за учење. За време на кампот, учесниците ќе развијат конкретни вештини кои им овозможуваат да создаваат значајна дигитална содржина и самоуверено да ги изразуваат своите идеи.

Тие ќе научат како да:

  • Креираат и структурираат привлечни приказни
  • Снимаат и продуцираат подкасти
  • Развиваат дигитални кампањи
  • Користат социјални медиуми одговорно и стратешки
  • Претставуваат локални прашања преку креативни медиуми

Покрај техничките вештини, учесниците ги зајакнаа своите способности за тимска работа, комуникација и критичко размислување. Кампот се базира на интерактивни и искуствени методи на учење, комбинирајќи креативност со граѓанска ангажираност.