„Гласовите на Пелагонија“ е младинска дигитална платформа создадена со цел да ги поттикне младите активно да учествуваат во општествениот, културниот и граѓанскиот живот. Нашата мисија е да ги засилиме младинските гласови, да поттикнеме креативно изразување и да изградиме простор каде младите можат да ги споделат своите ставови, приказни и идеи за позитивни промени. Веруваме дека кога младите ќе ги добијат потребните алатки и платформа за изразување, тие стануваат активни придонесувачи во своите заедници.
Зошто постои оваа платформа?
Пелагонија е регион богат со култура и потенцијал, но многу млади немаат пристап до платформи каде што нивниот глас може да биде слушнат. „Гласовите на Пелагонија“ е создадена токму за да го надмине тој јаз.
Платформата постои за да:
- Обезбеди безбеден и инклузивен простор за младинско изразување
- Ја зајакне дигиталната и медиумската писменост
- Поттикне граѓанска ангажираност и активно учество
- Ги истакне приказните на маргинализирани и недоволно застапени млади
Кого поддржуваме?
Поддржуваме млади на возраст од 15 до 29 години од Пелагонискиот регион, со посебен фокус на:
- Млади од рурални средини
- Ромска младина
- Млади жени
- НЕЕТ млади (млади кои не се во образование, вработување или обука)
- Млади со помалку можности
Младински креативен камп
Младинскиот креативен камп „Гласовите на Пелагонија“ e осмислен како интензивно, практично искуство за учење. За време на кампот, учесниците ќе развијат конкретни вештини кои им овозможуваат да создаваат значајна дигитална содржина и самоуверено да ги изразуваат своите идеи.
Тие ќе научат како да:
- Креираат и структурираат привлечни приказни
- Снимаат и продуцираат подкасти
- Развиваат дигитални кампањи
- Користат социјални медиуми одговорно и стратешки
- Претставуваат локални прашања преку креативни медиуми
Покрај техничките вештини, учесниците ги зајакнаа своите способности за тимска работа, комуникација и критичко размислување. Кампот се базира на интерактивни и искуствени методи на учење, комбинирајќи креативност со граѓанска ангажираност.
