Колку пати си го земал телефонот само „за две минути“, а кога ќе погледнеш на часовникот – поминал цел час?
Скоролањето стана дел од нашето секојдневие. Телефоните ни помагаат да учиме, да комуницираме и да бидеме поврзани со светот. Но, кога екранот ќе стане поважен од луѓето околу нас, тогаш е време да се запрашаме дали навистина сме поврзани.
Најубавите моменти не доаѓаат како нотификација.
Тие се случуваат кога разговараш со пријател лице в лице. Кога ќе излезеш на прошетка. Кога ќе спортуваш, ќе прочиташ добра книга или ќе започнеш ново хоби. Тогаш создаваш спомени што ниту една фотографија не може целосно да ги долови.
Не е целта да се откажеме од технологијата.
Целта е ние да го контролираме телефонот, а не тој нас.
Малите промени можат да направат голема разлика. Исклучи ги непотребните известувања. Одреди време без телефон додека учиш или си со семејството. Остави го телефонот настрана кога ќе седнеш на кафе со пријателите. Наместо уште еден час на социјалните мрежи, искористи го времето за нешто што ќе те исполни и ќе ти донесе ново искуство.
Вистинските врски не се мерат со бројот на следбеници, лајкови или пораки.
Тие се градат со разговор, доверба, насмевки и време поминато заедно.
Животот не е совршена фотографија или кратко видео што исчезнува за неколку секунди.
Животот е тука и сега.
Во луѓето што ги сакаш.
Во местата што ги посетуваш.
Во искуствата што ги создаваш.
Спушти го телефонот за момент. Погледни околу себе. Некој можеби токму сега чека разговор, насмевка или заедничка прошетка.
Затоа што најважната врска што можеш да ја создадеш не е со интернетот – туку со животот.
